УТРО.мк

Утре собир во чест на Владо Јаневски пред арената „Борис Трајковски“ – граѓаните ќе му оддадат последна почит

Утре собир во чест на Владо Јаневски пред арената „Борис Трајковски“ – граѓаните ќе му оддадат последна почит
Vero

Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре со почеток во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи комеморативен собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит.

Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите што го сакаа, почитуваа и растеа со музиката на Владо Јаневски да присуствуваат на настанот и достоинствено да се простат од еден од најголемите македонски музички уметници.

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат“, порачуваат од продукцијата.

Собирот ќе биде можност љубителите на неговата музика уште еднаш да се потсетат на безвременските хитови што ги остави зад себе и со песна, тишина и љубов да му кажат последно збогум.

„Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, стои во објавата на „Прагма продукција“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin