Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.
Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.



























