УТРО.мк

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба во државата е стабилна

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба во државата е стабилна
Vero

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испрати порака до јавноста дека безбедносната состојба во државата е стабилна и под контрола.

И покрај турбуленциите и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, таа уверува дека ниту земјава ниту регионот во моментов не се соочуваат со директни безбедносни закани. Според неа, институционалниот систем функционира координирано и будно ја следи состојбата.

Претседателката посочи дека механизмите за рано предупредување се активни, а надлежните служби се во постојана комуникација и размена на информации. Проценките што се прават, како што нагласи, се темелат на релевантни податоци и анализи, што овозможува навремена реакција доколку околностите се променат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран