УТРО.мк

Родителите ќе плаќаат казна од 250 евра за насилство во училиште

Родителите ќе плаќаат казна од 250 евра за насилство во училиште
Vero

Родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во врсничко насилство во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Како што истакна Јаневска, казната ќе се применува за секое насилство сторено од ученик, но и во случаи кога родителите ќе одбијат соработка со училиштето, стручните служби и надлежните институции.

Мерката е дел од најавените измени на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по зачестените случаи на врсничко насилство и реакциите во јавноста.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека целта на законските измени е зголемување на одговорноста на родителите и зајакнување на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата.

Новите законски решенија се во завршна фаза и се очекува наскоро да бидат доставени до Собранието за усвојување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin