УТРО.мк

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија
Vero

Дел од пензионерите ќе можат да ја користат октомвриската пензија уште денеска, 30 октомври, по најавите за предвремена исплата од Комерцијална банка, Централна кооперативна банка и ТТК Банка.

Според објавените известувања, средствата ќе бидат префрлени на сметките на пензионерите во овие банки.

Корисниците на дебитни картички ќе можат да плаќаат со средствата или да подигнат готовина од банкомат. Парите ќе бидат достапни и за подигнување во филијалите.

Редовната исплата на октомвриските пензии се очекува да започне на 2 ноември, понеделник, бидејќи првиот ден од месецот се паѓа во недела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран