УТРО.мк

Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“ со сослушување на нови сведоци

Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“ со сослушување на нови сведоци
Vero

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“, каде што се очекува да сведочат лица предложени од Јавното обвинителство. Овој предмет се однесува на катастрофата во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На изминатото рочиште пред судот искази дадоа двајца сведоци. Меѓу нив беше и Трајче Димишковски, поранешен ангажиран во агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во периодот од 2023 до август 2025 година. Тој детално ја опиша внатрешната комуникација во службата, начинот на распределба на персоналот, како и улогата на професорот Александар Нацев, кој, според неговото сведочење, давал насоки за постапување при масовни настани и укажувал на законските обврски на обезбедувачите.

Пред судот претходно сведочеше и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Виница. Неговиот исказ откри сериозни пропусти во безбедносните стандарди на објектот како недостиг на противпожарна опрема, нефункционален хидрант и заклучен спореден излез. Дополнително, тој посочи дека Општина Кочани повеќе од десет години немала назначен инспектор за заштита и спасување, а надзор во други општини се вршел исклучиво со писмена наредба од надлежните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран