УТРО.мк

Продолжува изградбата на Соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ во Битола по 33 години

Продолжува изградбата на Соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ во Битола по 33 години
Vero
Извор: Религија.мк
Извор: Религија.мк

По повеќе од три децении, жителите на Битола повторно забележуваат активност околу една од најамбициозните црковни градби во градот. Во дворот на соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ во населбата Нова Битола, на самиот агол на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“, овие денови се носи градежен материјал и се подготвуваат скелиња, што дава на знаење дека долгогодишното чекање на верниците можеби ќе добие нов заокрет.

Досега реализираниот дел од храмот ја покрива само една третина од амбициозниот архитектонски план, но повторното движење на работите во дворот буди надеж кај православната заедница во Битола дека изградбата на големиот собор ќе продолжи. Според проектот, црквата треба да стане еден од највпечатливите храмови на Балканот, со камбанарија висока 80 метри, средна купола од 55 метри, и придружни објекти како крстилница, библиотека, галерии и простории за симпозиуми и други духовни активности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран