УТРО.мк

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
Vero

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска пристигна во официјална посета на Република Македонија, што е нов знак на продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

На церемонија во Вила „Водно“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го пречека со највисоки државни и воени почести, потврдувајќи го значењето на оваа посета на државно ниво. По протоколарното добредојде, двајцата лидери ќе имаат тет-а-тет средба, по што следува пленарен состанок со делегациите од двете страни, на кој ќе се дискутираат прашања од заеднички интерес.

Посетата носи и конкретни резултати, во рамки на дијалогот ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на претседателите, со цел зајакнување на партнерството и промовирање на младинските иницијативи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран