УТРО.мк

Православните верници денес го слават денот на Преподобна Ксенија

Православните верници денес го слават денот на Преподобна Ксенија
Vero

На денешниот ден, се слави животот на Преподобна Ксенија, жена која уште од млада возраст ја избрала љубовта кон Христос над световните чест и удобност. Родена како единствена ќерка на угледен римски сенатор, таа одби да се потчини на очекувањата на своето семејство и да се омажи според нивната волја. За да ја зачува својата духовна слобода, тајно го напушти домот, придружувана од своите две верни робинки, и замина на островот Коа, во местото Милас.

Таму Ксенија основа обител за девици, посветени на пост и молитва. Нејзината посветеност беше толку голема што се сметаше дека има сила и издржливост каква што често им се припишува на мажи: стоеше во молитва цела ноќ, јадеше скромно, а врз лебот често истураше пепел од кадилницата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран