УТРО.мк

Повремени врнежи и грмежи: Температурите до 24 степени

Повремени врнежи и грмежи: Температурите до 24 степени
Vero

Нестабилното пролетно време продолжува и денеска, а облаците повторно ќе донесат дожд низ повеќе делови од земјава. Според најновата прогноза на Управа за хидрометеоролошки работи, денот ќе мине во знакот на променливо облачно небо, со повремени врнежи и локална нестабилност проследена со ретки грмежи.

Во западниот регион ќе се чувствува засилен западен ветер, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер кој на моменти ќе биде поинтензивен. Утрината ќе биде посвежа, со температури кои ќе се спуштат меѓу 5 и 11 степени, а во текот на денот живата во термометарот ќе достигне од 17 до 24 степени.

И главниот град нема целосно да остане поштеден од врнежите. Во Скопје се очекува променлива облачност, а во раните утрински часови во одделни делови од котлината можно е да наврне слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, додека дневната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Метеоролозите најавуваат дека ваквата нестабилна временска слика ќе продолжи и во наредните денови. Се очекува посвеж период со чести локални врнежи, а попладневно на повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран