УТРО.мк

По години чекање: Еве кога се отвора новиот премин меѓу Македонија и Бугарија

По години чекање: Еве кога се отвора новиот премин меѓу Македонија и Бугарија
Vero

Изградбата на новиот граничен премин меѓу Бугарија и Македонија на релацијата Струмјани – Берово (Клепало) влегува во завршна фаза на административни подготовки и би можела да започне веднаш по финализирањето на еколошките одобренија во Министерството за животна средина и водни ресурси.

Според информациите што ги пренесува БНР, локалните власти во бугарската општина Струмјани уверуваат дека клучните процедури поврзани со проценката на влијанието врз животната средина се веќе успешно завршени, и тоа во рок пократок од првично очекуваниот. Во моментов се одвива усогласување меѓу надлежните институции околу техничките барања за идната гранична инфраструктура, вклучително царинските и гранично-полициските капацитети.

Градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, истакнува дека паралелно се работи на координација меѓу повеќе институции, што, според него, треба да придонесе за побрза реализација на проектот.

На бугарска страна веќе е одобрена и траса од околу осум километри кон границата, при што е избрано решение кое е оценето како пократко и поеколошки прифатливо. Проектот го водат локалната самоуправа на регионот Благоевград и Агенцијата за патна инфраструктура, а неговата вредност се проценува на околу 5,5 милиони евра.

Илиев изразува оптимизам дека преминот би можел да биде ставен во функција до крајот на 2029 година, и покрај одредени стравувања дека динамиката на програмата Бугарија – Македонија би можела да биде под притисок на роковите за тековниот програмски период 2027–2029 година.

Од македонска страна, Царинската управа уште во октомври 2024 година ги започна подготовките за воспоставување на преминот. Проектот од македонска перспектива е вреден околу 3,7 милиони евра, при што најголем дел од средствата, 3,1 милион евра, се обезбедени преку ИПА 3 програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Бугарија, додека остатокот претставува национално кофинансирање.

Со отворањето на Клепало се очекува значително да се подобри поврзаноста меѓу двете држави, да се олесни движењето на луѓе и стоки и да се поттикне економската активност, туризмот и развојот на Малешевскиот регион.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран