Во периодот од 27.10.2025-30.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под дејство на алкохол.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 733 прекршоци за неправилно паркирање, 306 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 32 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 14 пешаци. Исто така санкционирани се 174 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 81 возило било отстрането од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 43 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 18 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.































