УТРО.мк

Обилни дождови го тераат времето во жолто-портокалова фаза

Обилни дождови го тераат времето во жолто-портокалова фаза
Vero
dozd
dozd

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска издаде предупредување за обилни врнежи низ поголем дел од Македонија. Целата територија е покриена со „жолто“ и „портокалово“ ниво на метео аларм, а најкритично се очекува да биде во централните и источните делови каде локално можат да се соберат над 30 литри дожд на метар квадратен. Врнежите ќе бидат проследени со ретки грмежи, додека на планините ќе се спушта снег.

Особено внимание се препорачува во Југоисточна Македонија, каде УХМР прогласи „жолто“ ниво на хидро аларм поради потенцијалната опасност од излевање на реките.

Во главниот град Скопје, денот ќе биде претежно облачен, со повремени врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат помеѓу 5 и 11 степени Целзиусови.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран