УТРО.мк

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри
Vero

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а фокусот во моментов е ставен на најкомплексниот дел од трасата.

Интензивно се градат галериите, кои се оценети како најдобро решение за стабилизација на земјиштето и на терен се покажуваат како ефикасно решение за долгогодишниот проблем со свлечиштата.

„Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени галерии“, нагласи вицепремиерот.

Според најавите, две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, а вкупно на целата траса се предвидени 14 галерии. Станува збор за зафат кој за прв пат се изведува не само во Македонија, туку и во целиот регион, каде со армиран бетон се стабилизираат косините.

Паралелно со галериите, се работи и на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски истакна дека проектот кој со години беше сметан за напуштен, сега го добива својот крај.

„Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот, имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите.“

Моментално во функција се 34 километри од автопатот, а според последните објави на министерот, целта е целата делница да биде завршена до крајот на 2026 година согласно предвидените рокови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin