УТРО.мк

Мицкоски: СДСМ го изгуби идентитетот, ние сме промакедонска партија

Мицкоски: СДСМ го изгуби идентитетот, ние сме промакедонска партија
Vero

Политичката реторика меѓу власта и опозицијата повторно се вжешти, откако премиерот Христијан Мицкоски остро возврати на обвинувањата од лидерот на СДСМ, кој ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „бугарофилска партија“.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“, Мицкоски порача дека неговата партија останува цврсто определена како „промакедонска“, додека, според него, СДСМ одамна го загубил сопствениот политички правец.

„Ние сме промакедонска партија и тоа е нашата суштина. Ако некој друг има проблем со сопствениот идентитет и политичко дејствување, тоа е прашање со кое ќе треба да се соочи пред граѓаните“, истакна премиерот, алудирајќи дека незадоволството од политиките на СДСМ ќе се одрази и на претстојните избори.

Тој оцени дека изјавите од раководството на СДСМ стануваат сè понеконзистентни и исполнети со, како што рече, навреди и дневнополитички квалификации што постојано се менуваат.

„Тешко е да се коментира нешто што утре веќе ќе биде демантирано со нова изјава. Денес сме едно, до вечер можеби ќе бидеме нешто сосема друго“, рече Мицкоски со ироничен тон, додавајќи дека јавноста секојдневно е сведок на менување на ставовите и реториката од страна на опозициската партија.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран