УТРО.мк

Жена тешко повредена по пад во шахта на „Партизанска“ во Скопје

Жена тешко повредена по пад во шахта на „Партизанска“ во Скопје
Vero

Во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје вчера во 16:15 часот била донесена 47-годишна жена со сериозни телесни повреди, откако претходно доживеала несреќа во градот.

Како што информираат од МВР, С.Д. од Скопје се повредила при пад во шахта на булеварот „Партизански одреди“. Несреќата веднаш била пријавена во СВР Скопје од страна на медицинските служби.

По пријавата, надлежните органи извршиле увид на местото на настанот со цел да се утврдат сите околности под кои дошло до повредувањето.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран