УТРО.мк

Митрополитот Наум стана нов член на Синодот на МПЦ-ОА

Митрополитот Наум стана нов член на Синодот на МПЦ-ОА
Vero

Македонската православна црква – Охридска архиепископија направи промени во составот на својот Свет архијерејски синод, откако на последната седница беше утврден нов работен тим.

Според одлуката, митрополитот Наум е именуван за нов член на работниот состав на Синодот, на местото на владиката Петар, чиј мандат завршил. За негова замена како заменик-член е избран митрополитот Пимен.

Со овие измени, тричлениот оперативен состав на Синодот во наредниот период ќе го сочинуваат архиепископот Стефан заедно со митрополитите Наум и Агатангел.

На седницата била формирана и посебна комисија задолжена да ја разгледа материјално-финансиската состојба во новоформираните епархии. Овој чекор, како што се оценува, засега не носи конечни одлуки во однос на барањата поврзани со поранешните членови на ПОА.

Во официјалното соопштение не се наведува дали биле отворени прашањата поврзани со барањата на владиката Петар.

Покрај кадровските и организациските одлуки, Синодот ги разгледал и ги усвоил годишните извештаи од епархиите во земјата и дијаспората, при што посебен фокус бил ставен на демографските трендови кај македонското православно население.

Како една од поистакнатите одлуки од седницата се издвојува и формирањето на Фонд за поддршка на семејства со повеќе деца, кој треба да функционира во рамки на црковните социјални активности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран