УТРО.мк

Македонски Концепт иницира закон за стопирање на комунистичките симболи и идеологии

Македонски Концепт иницира закон за стопирање на комунистичките симболи и идеологии
Vero
mk koncept
mk koncept

Партијата Македонски Концепт повика на донесување резолуција и закон со кој би се ставила точка на, како што велат, глорификацијата на комунистичкото минато во Македонија. Според нив, примерот на Полска и Чешка, кои со закон ја изедначиле комунистичката и нацистичката пропаганда, претставува патоказ за земјите што се стремат кон целосна интеграција во Европската Унија.

Првиот предлог на партијата е усвојување на резолуција во Собранието, а потоа и закон со кој, според Македонски Концепт, ќе се затвори правната празнина што досега овозможувала промовирање на тоталитарни идеи. Законското решение би ги забранило јавната употреба на комунистички симболи, како и организирањето говори или собири кои поттикнуваат омраза или нарушуваат човекови права, исто како што се третираат нацистичките идеологии.

Покрај тоа, партијата предлага и конфискација на економските и политичките привилегии стекнати во периодот на комунизмот, како и официјално признавање на криминалите извршени во тоа време. Се бара и забрана за финансирање на движења и политички субјекти кои, според нив, промовираат тоталитарни идеи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран