УТРО.мк

Личната карта во вашиот телефон – Како ќе се користи новата апликација?

Личната карта во вашиот телефон – Како ќе се користи новата апликација?
Vero

Граѓаните ќе можат да пристапат до електронски верзии на личната карта и возачката дозвола преку новата мобилна апликација „м.Услуги“, чија официјална промоција е најавена за 28 октомври.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека апликацијата ќе биде бесплатна и достапна преку Google Play и App Store. Најавувањето ќе се врши со постојниот кориснички профил од порталот uslugi.gov.mk.

Во почетната фаза, покрај двата електронски документа, апликацијата ќе овозможува пристап и до три услуги за граѓаните.

Според Андоновски, „м.Услуги“ постепено треба да прерасне во дигитален паричник. Во иднина се предвидува интегрирање податоци од здравствениот систем, како и дополнителни документи и услуги.

Користењето на апликацијата ќе биде доброволно. За прифаќање на електронските документи, институциите постепено ќе треба да ги приспособат своите процедури и подзаконски акти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран