УТРО.мк

Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа

Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа
Vero

Метеоролошкиот модел ECMWF во најновите ажурирања покажува можност за продор на студен воздух од Арктикот кон Балканот и Македонија во третата декада од октомври, објави метеорологот Славчо Попоски.

Според неговата анализа, сценариото би можело да донесе многу ниски температури, на одредени места и под минус 10 степени, како и послаби локални врнежи од снег на Балканскиот Полуостров.

Попоски, сепак, нагласува дека станува збор за неофицијална метеоролошка најава, која не треба да се прифаќа како сигурна прогноза.

Со следните ажурирања на моделот се очекуваат промени, а натамошните анализи ќе покажат дали можноста за вакво заладување ќе се задржи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран