УТРО.мк

Илон Маск донатор за археолошкиот локалитет Стоби

Илон Маск донатор за  археолошкиот локалитет Стоби
Vero

Археолошкиот локалитет Стоби добива значајна финансиска поддршка за зачувување на културното наследство, со вкупно 500.000 долари донации наменети за конзервација на Теодосијанската палата.

Дел од средствата, односно 100.000 долари, се обезбедени преку Американски институт за римска култура, кој се финансира со средства поврзани со Илон Маск. Останатите 400.000 долари се донација од Џ.М. Каплан фонд, чии претставници истакнаа дека Стоби претставува реткост која заслужува континуирани вложувања.

Донаторите денеска извршија увид во тековните активности, при што на средбата со министерот за култура и туризам се разговараше за продолжување на соработката и можностите за нови инвестиции.

Главната цел е довршување на конзервацијата на Теодосијанската палата и нејзино соодветно туристичко претставување, како и обезбедување средства за заштита на други објекти во рамки на локалитетот.

Министерството за култура и туризам учествува со финансиска поддршка во годишната програма на НУ Стоби, обезбедувајќи 8.600.000 денари за седум проекти од областа на заштитата на културното наследство, дополнителни 900.000 денари за музејска дејност и уште 900.000 денари за опрема за конзерваторска лабораторија.

И покрај зголемените инвестиции и интерес, условите за посетителите и натаму претставуваат предизвик, особено во топлите месеци кога високите температури го отежнуваат разгледувањето на локалитетот.

Отворањето на нов центар за посетители е најавено за септември годинава, со цел подобра презентација на културното наследство, привлекување поголем број туристи и обезбедување дополнителна поддршка за заштита на овој значаен археолошки локалитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран