УТРО.мк

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон
Vero

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја промовираше мобилната апликација m.Uslugi, преку која граѓаните можат да пристапат до првите мобилни електронски услуги, да додадат електронска верзија на личната карта и да добиваат известувања. Користењето е бесплатно и целосно доброволно.

Андоновски порача дека апликацијата претставува почеток на промена во односот меѓу граѓаните и институциите, со цел намалување на чекањето пред шалтери и повторното барање податоци со кои државата веќе располага.

На презентацијата тој покажал како се додава електронската верзија на личната карта и како корисникот може да сподели само конкретен податок. Како пример ја посочил можноста да се потврди полнолетство без непотребно откривање на останатите лични податоци.

Според министерот, во следните фази се планирани интегрирани плаќања, додавање фотографија, нови електронски документи, изводи, уверенија, дипломи и дополнителни услуги.

Андоновски упати благодарност до тимот на Министерството за дигитална трансформација, партнерите и вклучените институции. Посебно ја истакна соработката со Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски за вклучувањето на првите електронски документи, како и поддршката од Европската Унија преку програмата Digital Europe.

Тој ги повика институциите да додаваат услуги, медиумите да ја тестираат апликацијата, а граѓаните да споделуваат забелешки и предлози за нејзино подобрување.

„Успехот нема да го мериме само со бројот на преземања, туку со времето што ќе го заштедиме“, порача Андоновски, нагласувајќи дека целта е граѓаните да завршуваат повеќе услуги без одење на шалтер.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран