УТРО.мк

Гаши со честитка за 23 Октомври: Само обединети можеме да изградиме држава во која секој ќе се чувствува еднакво

Гаши со честитка за 23 Октомври: Само обединети можеме да изградиме држава во која секој ќе се чувствува еднакво
Vero

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се бореле за слобода, достоинство и сопствена државност.

Тој нагласи дека одбележувањето на 23 Октомври е можност да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме заедничката одговорност за градење демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности.

„Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“, се вели во честитката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран