УТРО.мк

(ФОТО) Фатени на аеродром во Скопје: Сопружници сакале да прошверцуваат 68.000 долари, половина им се запленети!

(ФОТО) Фатени на аеродром во Скопје: Сопружници сакале да прошверцуваат 68.000 долари, половина им се запленети!
Vero

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје спречија обид за нелегален пренос на поголема сума девизи, откако при контрола на сопружници – македонски државјани, биле пронајдени дури 68.000 австралиски долари во готовина кои не биле пријавени.


Како што информираат од Царинската управа, двојката, иако носела значителна сума пари, наместо да се упати кон „црвениот канал“ – наменет за пријавување на вредности, се одлучила да помине низ „зелениот канал“, кој е резервиран за патници кои немаат ништо за декларирање. Токму ова однесување било сигнал за цариниците, по што патниците биле селектирани за детална контрола.


При проверката, кај нив биле откриени непријавените девизи, по што веднаш биле преземени законски мерки. Согласно важечките прописи, на секој од нив му бил вратен износ во противредност до 10.000 евра, односно вкупно 33.000 австралиски долари, додека преостанатите 35.000 австралиски долари биле привремено одземени.


Од Царинската управа потенцираат дека ваквите контроли се дел од редовните активности за спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина, кој може да биде поврзан со различни видови финансиски злоупотреби.
„Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон откривање и спречување на вакви случаи, со цел заштита на финансискиот систем и почитување на законите“, информираат надлежните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран