Започна аплицирањето за електронските ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги
Министерството за дигитална трансформација соопшти дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Процесот се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.
Студентите може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а подигањето на уредите со ваучер треба да се изврши до 31 декември 2025 година.
Чекори за студенти кои се евидентирани во МОН
Студентот се најавува на порталот uslugi.gov.mk и поднесува апликација за услугата:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уред“.
За овие студенти не е потребна дополнителна документација – системот автоматски ги проверува податоците.
По добивањето ваучер и потпишувањето на Изјавата за искористување, студентот може да го подигне уредот кај избраниот економски оператор до 31.12.2025.
Чекори за студенти кои не се евидентирани во МОН
Доколку системот утврди дека студентот не е во евиденцијата на МОН, ќе добие известување и линк до услугата:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“.
Студентот треба да прикачи потврда за редовен или вонреден статус, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
По позитивно процесирање на апликацијата, студентот добива вредносен ваучер.
Со ваучерот и личен документ, студентот може да го подигне електронскиот уред до 31.12.2025.
Економски оператор
Списокот на оператори и деталите се достапни на следната врска:
uslugi.gov.mk/services/ustanovi/rzppk-nacionalniot-portal-za-e-uslugi-lte-p7c-rf
Министерството ги охрабрува сите студенти навремено да аплицираат и да ја искористат можноста преку Националниот портал за е-услуги.























