УТРО.мк

Димовски: Дирекцијата за ТИРЗ постигна 85% усогласеност на системот за интегритет

Димовски: Дирекцијата за ТИРЗ постигна 85% усогласеност на системот за интегритет
Vero

Дирекцијата за ТИРЗ за 2025 година е оценета со највисоко ниво „многу добро“ според најновиот извештај на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), со 85% усогласеност на системот за интегритет. Со ова, институцијата се најде на второто место заедно со ДКСК и Агенцијата за супервизија на осигурување.

Според извештајот, остварените 85% усогласеност претставуваат значаен показател за доследна примена на принципите на транспарентност, отчетност и одговорно управување. Резултатот ја потврдува ефективноста на воспоставените механизми за превенција на корупција и унапредување на институционалниот интегритет.

Во споредба со претходните години, усогласеноста бележи значителен раст: од 39,2% во 2023 година на 61,1% во 2024 година, што значи зголемување од 45,8% во однос на 2023 година и 23,9% во однос на 2024 година.

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, истакна дека остварениот напредок е резултат на бројни активности, вклучувајќи доработка и дополнително прецизирање на интерните акти, како и континуирани обуки преку е-учење спроведени од ДКСК.

Димовски најави дека Дирекцијата ќе продолжи со активности за понатамошно унапредување на системот за интегритет, со цел одржување на високото ниво на усогласеност и постигнување уште повисоки резултати.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран