УТРО.мк

Денес се чествува споменот на Свети Георгиј Кратовски

Денес се чествува споменот на Свети Георгиј Кратовски
Vero

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Георгиј Кратовски – македонски маченик од 16 век, кој со својот живот и страдање оставил длабока трага во духовната историја на народот.

Свети Георгиј бил роден во градот Кратово. По занает бил златар, но уште од младоста се истакнувал со својата цврста и непоколеблива христијанска вера. Имал само 18 години кога бил изложен на силни притисоци од османлиските власти да ја прими исламската вера. Наместо да се откаже од Христа, тој останал непоколеблив, „тврд во верата како прекрасен дијамант“, сведочат житијата.

Поради својата истрајност бил подложен на тешки мачења. Според преданието, по најлутите маки, бил жив запален на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на султан Селим I. Со своето страдање, Црквата го вбројува меѓу светите маченици, кои добиле „невенлива небесна слава“.

Во богослужбените текстови посветени на Свети Георгиј Кратовски се истакнува неговата духовна сила и верност. Во тропарот се нагласува дека тој „во трпењето на многу искушенија“ ја претрпел огнената смрт и примил „нераспадлив венец со маченичките хорови“, додека кондакoт го велича како победник над заблудата и како достоен наследник на небесната слава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран