УТРО.мк

Часовникот оди напред: Ноќеска започнува летното сметање на времето

Часовникот оди напред: Ноќеска започнува летното сметање на времето
Vero

Ноќеска стапува на сила летното сметање на времето, со што часовниците ќе се поместат еден час нанапред – од два на три часот. Со ова официјално завршува зимскиот временски режим и започнува периодот со подолги денови и повеќе природна светлина.

Согласно уредбата за 2026 година, летното сметање на времето започнува на 29 март и ќе трае до 25 октомври, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час наназад.

Оваа промена традиционално се воведува со цел подобро искористување на дневната светлина и намалување на потрошувачката на електрична енергија. Сепак, експертите предупредуваат дека поместувањето на часовникот може привремено да влијае врз биоритамот, предизвикувајќи замор, нарушен сон и намалена концентрација, особено во првите денови по промената.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран