
Со воведувањето на системот „Безбеден град“, улиците на Скопје доживуваат вистинска трансформација. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека бројот на сообраќајни прекршоци се намалил од неверојатни 120.000 на само околу 500 дневно.
„Во почетокот на тест периодот имавме 120.000 прекршоци, а сега се движиме од 500 до 800 дневно. Сите се за брзо возење, минување на црвено или нерегистрирани возила. Но, ефектот е очигледен – дивеењето по улиците е минато“, рече Тошковски.























