
Првиот заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, оваа недела ја претставуваше земјата на престижниот Светски економски форум во Давос и на влијателната Средба на лидерите 2026, платформа која ги обединува глобалните политички и бизнис елити за дијалог и соработка.
Сали се вклучи во два клучни панела кои ја одразуваат современата глобална агенда. Првиот, „Клима, конфликти и грижа“, истакна колку е критична улогата на дијалогот и меѓународната соработка за справување со климатските и безбедносните предизвици. На вториот, „Балканот – историја, стабилност и иднина“, се дискутираа регионалните предизвици и перспективите за европска интеграција, при што економскиот развој беше оценет како клучен столб за долгорочна стабилност и мир.
Покрај учеството во панелите, Сали оствари бројни билатерални средби со политички лидери, претставници на бизнис секторот и медиумски куќи од целиот свет. На овие средби, се разговараше за потенцијални партнерства, економски и инвестициски можности, како и за стратешките интереси и развојните приоритети на Македонија во регионален и европски контекст.



























