УТРО.мк

Следуваат нови продолжени викенди: Еве ги датумите на следните неработни денови

Следуваат нови продолжени викенди: Еве ги датумите на следните неработни денови
Vero

Граѓаните веќе можат да ги планираат следните паузи од работните обврски, бидејќи календарот до крајот на годината носи уште неколку неработни денови. Дел од празниците се паѓаат во петок или понеделник, што ќе овозможи продолжени викенди и повеќе време за одмор.

Првата можност за подолг одмор следува на 28 август, кога православните верници го празнуваат Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот оваа година се паѓа во петок, верниците од православна вероисповед ќе имаат продолжен викенд.

Во следниот период следуваат и државните празници кои важат за сите граѓани:

  • 8 септември (вторник)– Ден на независноста на Република Македонија;
  • 12 октомври (понеделник)– неработен ден по повод Денот на народното востание, поради тоа што 11 Октомври се паѓа во недела;
  • 23 октомври (петок)– Ден на македонската револуционерна борба, кој повторно носи продолжен викенд;
  • 8 декември (вторник)– Свети Климент Охридски.

Неработни денови до крајот на годината имаат и граѓаните од католичка вероисповед. На 1 ноември се одбележува Празникот на сите светци, а на 25 декември е Божиќ, кој годинава паѓа во петок и овозможува уште еден продолжен викенд.

Празничниот календар покажува дека по завршувањето на летната сезона остануваат повеќе можности за кратки патувања, одмор и поминато време со најблиските.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin