Американскиот пластичен хирург д-р Тери Дабров, познат по шоуто „Botched“ и по трансформацијата на „живиот Кен“, тврди дека многу мажи кои користат оземпик добиваат впечаток дека им се зголемил пенисот – појава што тој ја нарекол „оземпик пенис“.
Во подкастот „Between Us“, каде гостуваше со својата сопруга Хедер, Дабров објасни дека ефектот не е резултат на вистински раст, туку на губење тежина. Кај многу дебели мажи пенисот изгледа „закопан“ поради големиот стомак. Кога килограмите се намалуваат, органот станува повидлив. „Тоа е одлична промена“, се нашалил хирургот.
Хедер, пак, изрази револт што мажите добиваат „бонус ефект“, додека кај жените слабеењето со семаглутид може да предизвика „оземпик вулва“ – помалку масно ткиво, намалена влажност и поголема иритација.
Таа дури се пошегувала дека мажите ќе трчаат по оземпик за да им изгледа поголем, додавајќи дека и самата е љубопитна да види дали има промена кај својот сопруг, кој моментално зема Мунџаро.
Дабров претходно изјави дека накратко се откажал од оземпик затоа што „му ја одзел радоста од храната“, но најави дека повторно ќе го користи, нарекувајќи го „новиот ботокс“.























