Ако секој месец се прашувате каде ви исчезнале парите, можеби вината лежи во вашите секојдневни навики. Еве неколку од нив кои изгледаат безопасно, но сериозно го празнат вашиот паричник:
• Импулсивно купување – Онлајн апликациите ве мамат да купувате работи што воопшто не ви требаат. Решение? Избришете ги од телефонот.
• Користење автомобил наместо пешачење – Дури и картата за превоз од 50 денари дневно е непотребен трошок ако дестинацијата е блиску.
• Непланирано купување намирници – Секојдневното влегување во продавница значи повеќе импулсивни трошоци. Пазарувајте на големо и по акции.
• Често јадење надвор – Ресторани и достава брзо го трошат буџетот. Гответе дома и ќе заштедите повеќе од што мислите.
• Игнорирање попусти – Купувајте со план и чекајте намалувања, наместо веднаш да трошите.
• Пушење – Освен што е штетно по здравјето, оваа навика буквално го гори вашиот паричник.
Промената на овие навики може да значи илјадници денари повеќе во вашиот џеб секој месец.