УТРО.мк

Почина легендарната Бони Тајлер, гласот зад „Total Eclipse of the Heart“

Почина легендарната Бони Тајлер, гласот зад „Total Eclipse of the Heart“
Vero

Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст, соопштија нејзиното семејство и нејзиниот тим, а пренесе „Би Би Си“.

Според официјалното соопштение, Тајлер ненадејно починала во болница во Португалија, каде што се лекувала од заболување.

„Со огромна тага семејството и тимот на Бони соопштуваат дека таа неочекувано починала синоќа во болница во Португалија, како последица на заболувањето поради кое била на лекување“, се наведува во соопштението.

Нејзините најблиски побараа почитување на приватноста во овој тежок период, најавувајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени во следниот период.

Бони Тајлер остави неизбришлива трага во светската музика со својот специфичен рапав глас и бројни хитови. Меѓу нејзините најпознати песни се „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, кои со децении се слушаат низ целиот свет.

Нејзината кариера траеше повеќе од пет децении, а таа останува запаметена како една од највпечатливите вокални фигури на британската и светската поп-рок сцена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin