
Сардинија се обидува да ги оживее своите запустени села со амбициозна иницијатива: локалните власти нудат финансиски стимулации за оние кои се решат да се преселат во заедници со помалку од 3.000 жители. За купување или реновирање на куќа, новите жители можат да добијат грант до 15.000 евра, сè додека тоа не надмине половина од трошоците за инвестицијата.
Клучниот услов е доселувањето да се реализира во рок од 18 месеци, што гарантира трајно населување на селото. Но, програмата нуди и дополнителни придобивки за младите семејства: паровите кои ќе решат да имаат деца можат да добиваат месечна поддршка од 600 евра за првото дете и 400 евра за второто, сè до петтата година од нивниот живот.























