УТРО.мк

Музичка група ‘Бајрами’ од Орешек областа Гора настапи на гала-вечерата по повод 30 години од Работната група на словенските малцинства во Тирана (ВИДЕО)

Музичка група ‘Бајрами’ од Орешек областа Гора настапи на гала-вечерата по повод 30 години од Работната група на словенските малцинства во Тирана (ВИДЕО)
Vero

Во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности во соработка со Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Посебен момент беше гала-вечерата по повод 30 години од постоењето на Работната група на словенските малцинства (АГСМ), каде во свечена атмосфера беше одбележан овој значаен јубилеј.

За дополнително збогатување на програмата настапи македонската музичка група „Бајрами“ од селото Орешек, област Гора. Со изведба на традиционални песни и автентични музички мотиви од областа Гора, тие внесоа посебна емоција и гордост, достојно претставувајќи ја културата и традиција од областа

Настанот беше уште една потврда за важноста на културната дипломатија и заедничкото дејствување во насока на зачувување и афирмација на националниот и културниот идентитет на словенските малцинства во Европа.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin