УТРО.мк

Македонско музичко востание вечерва во Хераклеја: Влатко и Златко Миладиноски подготвуваат спектакл во Битола

Македонско музичко востание вечерва во Хераклеја: Влатко и Златко Миладиноски подготвуваат спектакл во Битола
Vero

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе од 2.500 посетители беа дел од музичкиот спектакл исполнет со емоции, традиција и незаборавна атмосфера.

Публиката, која пристигна не само од Битола туку и од повеќе градови низ Македонија, уште еднаш потврди дека македонската народна песна има силно место во срцата на сите генерации. Во уникатниот амбиент на Хераклеја, присутните ги пееја најголемите хитови на Влатко Миладиноски, создавајќи исклучителна атмосфера во текот на целата вечер.

На сцената, Влатко Миладиноски настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски и повеќе од 30 врвни музичари, чии изведби му дадоа дополнителна величественост на концертот. Музичката вечер беше збогатена и со настапите на специјалните гости Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски, како и со гостите уметници – Македонци од Егејска Македонија.

Концертот понуди внимателно осмислена музичка програма, современа продукција и сценски настап достоен за еден од најзначајните антички локалитети во земјава. Најемотивни беа моментите кога повеќе од 2.500 посетители во еден глас ги пееја македонските песни, создавајќи сцени кои долго ќе останат во сеќавањето на присутните.

По успешните концерти во Охрид и Скопје, Влатко Миладиноски уште еднаш потврди дека македонската народна музика има моќ да ги исполни најголемите концертни сцени и да обедини илјадници луѓе околу заедничката љубов кон традицијата.

Концертот во Хераклеја не беше само уште еден музички настан, туку вистинска прослава на македонската песна, култура и традиција – вечер исполнета со гордост, сплотеност и силни емоции што долго ќе се паметат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin