
Во духот на Бадник и празничната солидарност, младиот велешанец Лучијано Чорев и годинава покажа дека хуманоста и човечноста немаат граници. Со јасна цел никој да не остане гладен за празникот, тој организираше акција за поделба на 900 топли оброци на социјално загрозени сограѓани.
Акцијата беше насочена кон лица на кои помошта им е најпотребна, а поделбата на храната помина во атмосфера на почит, достоинство и искрена човечка поддршка. Чорев истакна дека ова не е само симболичен празничен чин, туку искрена намера да се помогне таму каде што потребата е најголема, особено во денови кога семејството, заедништвото и солидарноста се во фокусот.
„Поделивме 900 оброци и навистина ми е драго што успеавме да допреме до луѓето на кои им значи секоја подадена рака. Се надевам дека и следната година ќе имаме можност повторно да ја реализираме оваа хумана мисија“, изјави Чорев.



























