
Петтото издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5 ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија.

Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната сезона.
Фестивалското дружење овие три дена почнува од 19 часот, додека изведувачите почнуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер на 25 јуни, четврток, започнува со настапот на групата Сарај во 20:00 часот, Дани Димитровска во 22:00 часот и Меморија во 23:30 часот.
На 26 јуни, петок настапуваат Брос Марама во 20:00 часот, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева во 21:30 часот, Куку Леле во 23:00 часот и Пауза за ракија во 00:30 часот.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа од 20:00 часот, по што од 21:00 часот почнува DJ DJ Fic, во 22:30 часот е резервиран за Битолски камерен оркестар и Суперхикс во 00:15 часот.
Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во богата селекција на вина и гастрономска понуда по која и фестивалот стана препознатлив дел од охридското лето.
„Пет години по ред Ohrid Wine Festival е место каде што се среќаваат музиката, виното и убавата енергија на Охрид. Годинава подготвивме програма која обединува различни генерации и музички вкусови, а нашата цел останува иста – да создадеме настан кој ќе биде уште една причина повеќе посетителите да го изберат Охрид како своја летна дестинација“, велат од Фестивали.мк.
Винскиот фестивал се одржува со поддршката на Општина Охрид. OoГрадоначалникот Кирил Пецаков ги покани охриѓани и туристите да не го пропуштаат овогодинешното издание.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид.

















