
Брижит Бардо, легендарната француска актерка од 1960-тите, го остави поголемиот дел од своето богатство на Фондацијата Брижит Бардо, организација која ја основа во 1986 година, додека нејзиниот единствен син е изоставен од тестаментот.
Во текот на својата кариера, Бардо беше една од најплатените актерки во светот, а само за улогата во „Вива Марија“ заработи 350.000 долари. Нејзината автобиографија „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, ѝ донесе дополнителни 4 милиони долари. Таа поседуваше и вила во Сен Тропе, Ла Мадраг.
Позната по својот активизам за правата на животните, Бардо често истакнувала дека сака средствата кои ги стекнала да се користат за повисока цел. „Ја дадов мојата младост и убавина на мажите, сега ја давам мојата мудрост и искуство на животните“, изјавила актерката, која се пензионираше од филмот во 1973 година.
Фондацијата Брижит Бардо доби селска куќа, приходи од продажба на книги, вилата во Сен Тропе и други средства. Оваа одлука изненади многумина, бидејќи нејзиниот син, единствениот наследник, не доби дел од наследството.



























