УТРО.мк

Вкупен промет од 135,8 милиони денари и стабилен обврзнички пазар

Вкупен промет од 135,8 милиони денари и стабилен обврзнички пазар
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 445 трансакции со вкупен промет од 135.774.326 денари и вкупно 161.870 тргувани хартии од вредност. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со раст од 0,18%, на ниво од 9.971,74 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени. Тргувањето беше концентрирано во финансискиот и фармацевтскиот сектор, со Комерцијална банка и Алкалоид како најликвидни хартии од вредност.

 

Најтргувани хартии од вредност (официјален пазар)

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 41.488.531 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 31.038.171 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 18.703.713 денари

Топ добитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +1,90%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,75%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) +1,50%

Топ губитници

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –9,68%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,15%

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,07%

Обврзнички пазар

Во текот на неделата беа реализирани 15 трансакции со државни обврзници, во вкупен износ од 8.198.512 денари.

Најактивни беа сериите:

● „Р. Македонија – денационализација 17“ – 3.325.756 денари

● „Р. Македонија – денационализација 18“ – 487.932 денари

● „Р. Македонија – денационализација 19“ – 3.158.804 денари

● „Р. Македонија – денационализација 23“ – 172.139 денари

● „Р. Македонија – денационализација 24“ – 1.053.881 денари

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран