УТРО.мк

Нови правила за енергетски лиценци: појасни рокови и можност за скратени постапки

Нови правила за енергетски лиценци: појасни рокови и можност за скратени постапки
Vero

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад усвои нов Правилник за лиценци, со кој се менуваат процедурите за издавање и управување со дозволите во енергетскиот сектор.

Со новиот правилник се уредуваат условите, начинот и постапките за издавање, изменување, продолжување, пренесување, суспендирање, одземање и престанување на важење на лиценците за вршење енергетски дејности. Истовремено, се регулира и издавањето лиценци за пробна работа на енергетски објекти.

Како што информираат од Комисијата, новината носи појасни рокови и процедури, а во одредени случаи се воведува и скратена постапка. Ова особено се однесува на лиценците за трговија и снабдување со електрична енергија и природен гас, како и за изменување и продолжување на веќе постојните лиценци.

Според новите правила, Комисијата е должна во рок од 10 дена од одржувањето на подготвителната седница да донесе одлука за издавање или одбивање на лиценца, со што се очекува забрзување на административните процедури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран