УТРО.мк

Норвешка повторно отвора затворени гасни полиња по речиси 30 години

Норвешка повторно отвора затворени гасни полиња по речиси 30 години
Vero

Норвешка сигнализира подготвеност да ја засили својата улога на енергетскиот пазар преку зголемено производство на нафта и гас, во момент кога Европа и светот се соочуваат со нарушени синџири на снабдување поради војните во Украина и на Блискиот Исток.

Министерот за енергетика Терје Асланд порача дека земјата има „одговорност“ да придонесе кон стабилноста на енергетската безбедност во Европа, нагласувајќи дека побарувачката за фосилни горива ќе остане значајна и во наредните децении.

Во таа насока, норвешките власти одлучија повторно да активираат три гасни полиња лоцирани крај јужниот брег на државата, Албускјел, Вест Екофиск и Томелитен Гама, кои беа затворени уште во 1998 година. Иако ваквиот потег предизвикува реакции од еколошките кругови, Осло го оправдува како неопходен чекор за одржување на стабилно производство.

Враќањето во функција на овие наоѓалишта се гледа како дел од поширока стратегија за задржување на нивото на производство на нафта и гас околу сегашните рамки, кои речиси две децении остануваат релативно стабилни и се очекува да се одржат и во следниот период.

Норвешка моментално располага со близу стотина офшор нафтени полиња, а според плановите на надлежните институции, во следните две години би можеле да станат активни уште над сто нови или обновени капацитети. Сегашното производство се движи околу два милиони барели нафта дневно, ниво кое индустријата се стреми да го задржи.

Асланд во изјава за „Гардијан“ нагласи дека офшор секторот останува клучен за европската енергетска стабилност, додавајќи дека Норвешка има намера да го развива својот континентален гребен за да остане сигурен и долгорочен снабдувач, без да ја намали истражувачката активност.

Паралелно со ова, се отвораат и нови перспективи за експлоатација на север, особено во Баренцовото Море и во пошироката зона помеѓу северна Норвешка и Гренланд, каде геолошките истражувања укажуваат на потенцијални значајни резерви.

Државната енергетска компанија „Еквинор“, во која Норвешка има мнозински удел, исто така најавува долгорочна стабилност во производството, со цел да одржува околу 1,2 милиони барели дневно во периодот меѓу 2020 и 2035 година.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран