УТРО.мк

Нагло зголемување на цените во Европа: Нафтата поскапе за 53%, храната за 6%

Нагло зголемување на цените во Европа: Нафтата поскапе за 53%, храната за 6%
Vero

Ормутскиот теснец, една од најважните светски поморски рути, практично се соочува со речиси целосен застој во бродскиот сообраќај од крајот на февруари, предупредуваат Обединетите нации.

Според најновите податоци на Агенцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), кои ги следат движењата на превозот, цените на храната и енергијата, како и состојбите на финансиските пазари поврзани со кризата во регионот, активноста низ теснецот е драстично намалена. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Стефан Дужарик, соопшти дека поминувањето на бродови е опаднато за дури 95,3 проценти од 28 февруари наваму.

Овој остар пад доаѓа во услови на ескалација на тензиите, откако на 28 февруари САД и Израел започнале напади врз Иран, по што Техеран одговорил со ограничување на пристапот низ Ормутскиот теснец.

Ефектите од ваквата блокада брзо се почувствуваа на глобално ниво. Цените на основните прехранбени производи, според УНКТАД, пораснале за околу 6 проценти, додека цената на суровата нафта во Европа забележала скок од 53 проценти во истиот период.

Прекинот во еден од клучните енергетски коридори предизвика сериозни нарушувања во глобалните синџири на снабдување, принудувајќи повеќе земји на итни мерки за стабилизирање на пазарите и спречување недостиг на гориво.

Во меѓувреме, повторното воспоставување на слободен проток низ Ормутскиот теснец останува една од најчувствителните и најспорни точки во дипломатските напори насочени кон завршување на конфликтот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран