УТРО.мк

Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар

Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар
Vero

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 21 септември ќе ги презентира досегашните активности, како и следните чекори поврзани со заштитата, сертификацијата и промоцијата на македонскиот рубин.

Процесот опфаќа утврдување и документирање на потеклото на каменот, воспоставување критериуми за сертификација и создавање механизми за негова автентична промоција. Посебен акцент ќе биде ставен на неговото претставување пред меѓународната јавност.

На настанот ќе присуствуваат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членовите на новоформираната Комисија за македонскиот рубин, како и претставници на Геолошкиот завод, Заводот за индустриска сопственост и други институции вклучени во процесот.

Божиновска во јуни годинава соопшти дека е пристигнато решението со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски полускапоцен камен.

Каменот се одликува со карактеристична малиново-розева боја, која се поврзува со присуството на хром во неговата кристална структура. Наоѓалиштата се лоцирани во околината на Прилеп и во планинските предели на Мариово.

Покрај естетската и колекционерската вредност, македонскиот рубин се поврзува и со природното и геолошкото наследство на земјата.

Активностите за заштита на македонскиот рубин започнаа во септември 2025 година, а со подготовката на системот за сертификација се отвора и патот кон негово посистематско претставување надвор од земјата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin