УТРО.мк

Македонија го забрзува железничкиот коридор 8: прва пруга до 2028 година

Македонија го забрзува железничкиот коридор 8: прва пруга до 2028 година
Vero

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека работите на проектот за брза пруга во Македонија веќе се во тек, со планирање започнато во октомври минатата година. Според него, до лето ќе заврши подготовката и првите багери ќе се појават на терен. Проектот за брза пруга од север кон југ треба да биде завршен во 2031 година, а една колосечна пруга ќе стане функционална веќе во 2028 година.

– Сега се работи најважниот дел кој не се гледа за граѓаните – добро планирање. Кога планирањето е квалитетно, проектот оди брзо и во рок. Пример за успешни проекти се автопатите Демир Капија – Смоквица и Скопје – Штип, рече Николоски.

Во врска со Коридор 8, тој истакна дека македонските и бугарските железници интензивно работат на изградбата на меѓуграничниот тунел. Двете страни се ангажирани на документацијата и тендерските постапки. Од бугарска страна неодамна е ратификуван договорот, но политичката криза и падот на тамошната влада го забавуваат процесот. Сепак, железничките тимови од двете земји продолжуваат со работа, а наскоро треба да се формира Комитет кој ќе ја заврши документацијата за тунелот, базирана на проектот изработен од Македонски железници.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран