УТРО.мк

Љатифи со американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Во фокус е енергетското поврзување со Албанија

Љатифи со американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Во фокус е енергетското поврзување со Албанија
Vero

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, денеска во Трафостаницата Охрид ја пречека вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, при што го презентираше напредокот на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија.

Љатифи истакна дека поврзувањето преку 400 kV далекуводот Битола–Елбасан претставува значаен чекор за зголемување на енергетската сигурност, проширување на прекуграничната размена на електрична енергија и зајакнување на регионалната интеграција.

„ТЦ Охрид влегува во завршната фаза, додека изградбата на далекуводот се одвива со добра динамика и со видлив напредок на терен“, посочи Љатифи.

Тој нагласи дека енергетското поврзување на земјата не завршува со проектот со Албанија, туку продолжува со планови за дополнително зајакнување на интерконекциите со Косово и Бугарија, како и за унапредување на поврзаноста со Грција.

„Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни. Колку повеќе сме регионално интегрирани, толку сме поотпорни и постабилни“, порача директорот на МЕПСО.

Љатифи воедно упати благодарност до Амбасадата на САД за партнерството и поддршката во реализацијата на проектите насочени кон создавање посилен, побезбеден и енергетски поврзан регион.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin