
Комерцијална банка ја комплетираше јавната понуда на своите обични акции, постигнувајќи стонастотна реализација. Вкупно беа продадени сите 558 акции, со вкупна вредност од 15.568.758 денари, што одговара на над 253 илјади евра.
Според информациите објавени на Македонската берза, продажбата заврши на 12 јануари 2026 година. Банката нагласува дека „од понудените 558 обични акции, продадени се сите 558, со што јавната понуда е реализирана со 100% процент на реализација“.
Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во депозитарот, а правата од нив ќе настанат по запишувањето на сметката на сопственикот.



























