УТРО.мк

Пијани зад волан: осум возачи приведени, а еден во Битола предизвикал несреќа

Пијани зад волан: осум возачи приведени, а еден во Битола предизвикал несреќа
Vero

Во текот на ноќта меѓу 13 и 14 јануари, полицијата регистрира низа сериозни сообраќајни инциденти низ повеќе македонски градови, при што повеќе лица се здобија со повреди, а неколку возачи беа лишени од слобода поради управување под дејство на алкохол.

Најтешка несреќа се случи во Битола на крстосницата меѓу улиците „Филип Втори Македонски“ и „Батаљон Стив Наумов“. Судир помеѓу „Форд Ескорт“, управуван од 36-годишниот Н.Б., и „Дачиа Сандеро“ на 61-годишниот Н.М., заврши со тешки телесни повреди на сопатничката од „дачијата“. Двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото се здобија со телесни повреди и беа хоспитализирани во Клиничката болница Битола. По претходна проверка, беше утврдено дека возачот на „Форд Ескорт“ имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што веднаш беше лишен од слобода.

Ноќта не заврши тука – низ земјата полицијата запре уште седум возачи, сите под дејство на алкохол, со измерени вредности од 1,54 до 2,55 промили. Во Куманово, на 13 јануари околу 23:35 часот, А.П.(28) управувал „Мерцедес“ со 2,55 промили, додека во Велес, нешто по полноќ, 50-годишниот В.О. возел „Шевролет“ со 1,80 промили.

Неготино, Македонска Каменица, Кичево, Дебар и Битола беа места на уште неколку инциденти, каде возачи со 1,54 до 2,27 промили алкохол во крвта беа исклучени од сообраќај и приведени во полициски станици. Меѓу нив се Т.Б.(38) од Неготино, Д.Р.(72) од Македонска Каменица, И.К.(44) од Скопје, Љ.М.(60) од Дебар и Д.А.(58) од Битола.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на сите настани, против возачите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран