УТРО.мк

Грција најави предвремена отплата од 6,9 милијарди евра: Намалување на грчкиот долг под 130% од БДП до 2027

Грција најави предвремена отплата од 6,9 милијарди евра: Намалување на грчкиот долг под 130% од БДП до 2027
Vero

Грција ќе продолжи со стратегијата за намалување на својот јавен долг преку предвремена отплата на дел од обврските во висина од 6,9 милијарди евра, кои потекнуваат од првиот меморандум за финансиска помош склучен во периодот на почетокот на економската криза.

Оваа најнова финансиска операција ја најави министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, посочувајќи дека исплатата е планирана за следниот месец. Според него, ваквиот потег претставува уште еден чекор во пошироката стратегија за стабилизирање и постепено намалување на државната задолженост.

Пиеракакис нагласи дека со континуираното спроведување на програмата за предвремени отплати, Грција очекува јавниот долг да се спушти на ниво близу 130 проценти од бруто домашниот производ до 2027 година, што би претставувало значително подобрување на фискалните параметри на земјата.

Во меѓувреме, грчките медиуми оценуваат дека ваквата одлука има и поширока порака надвор од техничките финансиски рамки. Предвременото раздолжување на дел од заемите од првиот спасувачки пакет се толкува како сигнал за зајакната фискална дисциплина и обид за дополнително градење доверба кај инвеститорите и меѓународните кредитни агенции, особено во услови на зголемена глобална економска неизвесност.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран